Живот

Од град во село: Запознајте го скопјанецот Давид – поранешен басист кој стана козар

Семејството Неделковски, од центарот на градот заминале на село. Одлуката ја донеле едногласно, на предлог на татко му на Давид и решиле да си го сменат животот од корен. Денес живеат во село Раштак кадешто се занимаваат со чување кози и со производство на млеко, млечни производи и јарешко месо…

-„Со еден збор „Рок едн рокл“, ни требаше промена имавме можност каде да дојдеме и еве веќе седум годни сме во селото Раштак. Почнавме со десетина кози, сега веќе имаме 50. Јас сум израснат во Скопје и кога почнавме не знаев буквално ништо за козите. Многумина мислат дека е лесно и дека тоа што имале дедо кој чувал кози е доволно, но едно е да дојдеш на два дена и да гледаш како некој чува кози, а друго е да се грижиш за нив. Исто така, на почетокот беше смешно и првото молзење. Татко ми фати една коза и ја измолзе, а потоа дојде на ред втората. Таа немаше млеко, но бргу сфативме дека нема затоа што е вусшност истата коза којашто тој тукушто ја измолзи. Најубавиот дел е прошетката на козите низ планината. Млекото кое го измолзуваме го обработуваме, продавам младо козјо сирење и сурутка.“, вели Давид.

Давид пред да замнине на село бил студент по археологија, бил и басист. Меѓутоа, откако се разочарал поради непостојаноста на луѓето кои, решил да го продаде басот и да си купи кокошки. За жал, работата со кокошките не излегла како што замислувал и планирал, па сега имаат само толку колку што треба за да имаат секогаш свежи јајца за појадок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни