Од минута во минута: Започна судењето за „Пулс“, воведни зборови на Обвинителството

Во судницата „Идризово“ најголема во Македонија, денеска започа судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс.“ Екипа на 4NEWS.mk го покрива во живо судскиот процес и тука ќе ги најдете сите информации на едно место.


#Судењето за денеска заврши, а со тоа и преносот во живо кој ви го овозможивме. Ви благпдариме што бевте со нас.

Изјави на родителите по завршување на судењето:

14:17 Тука се прекинува денешната расправа со цел обвинетите и бранителите да може да се запознаат со воведните зборови на Обивнителството. Следното рочиште е закажано за вторник.

14:16 Родителите со аплауз го поздравија воведниот говор на Обвинителството.

13:48 Обвинителот Јанев: „Во ‘Пулс’ не изгоре само објектот – изгоре вербата дека системот штити, изгоре илузијата дека одговорните се тука да спречат“

>>>ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

13:23 Обвинителот Борче Јанев започна со воведни зборови, гледај во живо

„Виканите Панчо и Буцо сега покојни предизвикале пожар во Кочани каде имало собрани поголем број на луѓе. Тие ги донеле пиротехничките средства“, истакна обвинителот.

ФОТО: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

„Катастрофата во Кочани не настана од дејствие или една човечка рака. Не настана само од активацијата на пиротехниката таа ноќ, од навидум обичен сценски ефект. Во Кочани не изгоре само Пулс, изгоре и со него илузијата дека одговорните во системот , изгоре иднинана на невини луѓе, кои сакале само радост и забава, нивните животи згаснаа, а душите и делата на повредените настрадаа. Не згасна нашата порална и професионална заложба на вистината да и погледнеме в очи, ако премоличиме и ја изгубиме вистината, ако не се соочиме со оваа ненадомстлива загуба и невидена трагедија никогаш нема да имаме сила како општество на патот за заздравување, Кочани повикува и бара легитимни одговори. Кој дозволи влез, а не пресметал да има излези. Кој потпиша молк наместо санкција и затворање. Во овој настан нема судар на непознати и непредвидени околности. Злодело е самото постоење на клубот. Тој бил буре барут. “, рече обивнителот.

13:14 Се читаат личните податоци на обвинетите, дел од нив имаат забелешки дека има грешки во тие кои ги навело обвинителството во обвинението

12:57 Штом се започне со воведните зборови од страна на Јавното обвинителство, повторно ќе се вклучиме со директен пренос од судницата

12:44 Судечкиот совет донесе решение: „Се прифаќа предлогот на Јавното обвинителство за изведување на интегриран текст на обвинителниот акт и листата на докази, а согласно решението на судот за спојување на постпакта, а со цел поефикасно и поекономичко водење на постпаката како една постпапка и сметаме дека со тоа нема да биде повредено ниту едно право на ниту една странка во постапката, а кое е загрантирнао со закон, од причини што ЈО најави дека пред да отпочне со својот воведен говор, ќе го истакне интегтираниот текст и листата на докази која судот дословно ќе ја забележи во записникот кој потоа ќе биде доставен до сите странки во постапката. Во интегираниот текст, нема измени на ниту едно дејствие на ниту еден обвинет и нема промена на квалификацијат на ниту еден обвинет, ниту пак има нови докази кои претходно не се доставени и со кои одбраната не е запозната. Советот исто така донесе решение се задолжува ЈО, да изврши превод од албански на македонски и да се достави во доволен број примероци за сите странки. Судот донесе решение денешната расправа да се одржи“, рече судијката Дијана Груевска Илиевска.

12:30 Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука за приговорите на одбраната

>>>ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ:

12:20 Јавен обвинител: Во оваа фаза кога главната расправа се уште не е почната, ЈО ќе се воздржи од тоа особнео имајќи во предвид дека и двата обвинителни акти биле оценети по поднесени приговори од одбраната и стапени се во сила.

Јавните обвинители / Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

12:18 Бранител: Дел до доказите особено тие кои биле комуникација меѓу членови на Министерството за економија, биле на албански јазик и дел од бранителите се жалат дека воопшто тие докази не се преведени на јазикот на кој се води постапката. Доколку не се изврши превод на доказите, од старт сметам дека се врши клучна повреда на правото на одбраната и ќе се провлекува во текот на целата постапка. На оваа околност не барам одлагање, но ве молам да го задолжите Обвинителството да изврши превод на екстрахираните телефонски комуникации и истите истовремено да ги достави до одбраната пред нивно изведување.

12:11 Петре Шилегов, бранител: Не барале одлагање поради одлоговлекување или не знам што, туку сакаме време за правдата која ние ни ја ветивте. И судот и нас како одбрана но и јавноста не доведува барање за либерално толкување на законот за Кривична постпака. Толкуваме што е општа опасност, но сега ние треба да прифатиме релативизирање на постапката. Спојувањето е легитимно право на судот и до него може да дојде судот или по барање на ОЈО или одбраната, меѓутоа пречистен текст, не значи ништо друго освен нов обвинителен акт. Бидејќи ние не ја знаме содржината на пречистениот текст. Во однос на доказите, ние не знаеме што е редуцирано, во моментов не ние достапно за да знаеме колкаво е нивото на редукција за да ја дадеме или не таа согласност. Не верувам дека има редукција на оштетените, што пак не праќа во нови правни рокови. Судот треба да ни ја достави редуцираната листа на докази па ние ќе треба да се произнесеме, од тука се приклучувам кон барањата на колегите бранители, да ја запазиме законитоста на постапката.

12:06 За време на паузата разговараме со уште еден родител „Со 20 години не сметаме дека правдата ќе биде задоволена, 63 млади животи се уништени“, вели Марија, мајка на жртва од Пулс“

11:59 Судечкиот совет за врати во судницата, се очекува одлука дали судењето ќе продолжи или ќе се одложи поради барања на одбраната

Томчо Стојанов, родител на 25 годишниот син кој загина во пожарот во Пулс пред медиумите рече дека ова е тест за државата. Но кај него рече дека нема оптимизам дека правдата ќе излезе на виделите, туку на овој судски предмет гледа како на сите останати Ласкарци, автобусот во Бугарија итн.

Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

11:50 Надвор се и родителите на жртвите зборуваат пред медиумите. За кратко пренесуваме дел од говорите….

Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

11:30 Пауза 15 минути

11:27 Еден од бранителите бара да се одложи денешната расправа.

„Барам да се одложи главната расправа со оглед дека од страна на судот сум определена од судот за бранител по службена должност и со истиот предмет денеска стапувам во контакт“.

Судијата одговори дека проблемот е кај бранителот што досега не се запознал со предметот и доказите.

11:21 Веќе еден час во судница се дискутира за двете обвинанија за спојување на постапката. Одбраната на агенцијата за обезбедување бара увид во доказите

10:45 Обвинителството поднесе ново обвинение, спојување на двете и доставија нова редуцирана листа на докази

10:26 Погледнете како изгледа судницата низ објективот на нашиот фотограф

10:21 Се спојуваат постапките за кривичните предмети за Агенцијата за обезбедување и пожарот во Пулс. Поради економичност на постапката, против решението не е дозволена жалба.

„Сите знаеме дека имаше дополнителен акт за Александар и тој дополнително се оценуваше и мислиме дека се исти дејствијата и понатаму постапката ќе тече за сите обвинети“, рече судијката.

10:16 Во моментов се читаат бранителите на обвинетите, со директен пренос ќе започнеме повторно штом започнат воведните зборови

10:08 Еве што кажа судијката на почетокот од судењето

Започнуваме со директен пренос

09:54: Зборува судијката:

Името мое се врти веќе со месеци, но еве да ви се претставам. Јас сум Дијана Груевска Илиевска, а заменски судија ќе биде Ахмет Идирзи и ќе имаме четири поротници, три со редовна и еден заменски. Барем од страна на судот да се обезбеди редовно судење и да нема одложување. Од името на целиот судечки совет бараме голема дисциплина, не беа повикани полномошници, бидејќи не знаевме кои ќе се јавуваат како полномошници и застапници на оштетени кои би биле и сведоци.

Секое одлагање и барање за одлагање ќе биде проверувани од советот и доколку испадне непотребно ќе има санкција.

Знам за болката сите ние сме родители, почит кон болката и тагата која ја имаат болката и тагата на родителите но ние сме професионални кои ќе мора на сите да им ги испочитуваме правата на сите кои се тука. Сите докази кои ги предлагате ќе бидат изведени, освен некои кои мислиме дека ќе бидат ирелевантни.

Никој не може да знае колку ќе трае, можеби 5 месеци, можеби 5 години, но сега јас да не преудицирам. Ќе дојдеме до вистината и до правдата.

09:48 Судечкиот совет влезе во судницата

09:47: Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска Илиевска. Се очекува во секој момент судечкиот совет да влезе во судница, по што ќе бидат пуштени да сликаат и снимаат снимателите и фоторепортерите.

09:40: Судењето се уште не започнато, погледнете како изгледа судницата од надвор низ објективот на нашиот фотограф

09:33 Додека се очекува судечкиот совет да влезе во судница потсетете се кој за што се обвинет

09:24:Вака беше утрово пред судницата

09:22: Сите се во судницата, се очекува да се појави судечкиот совет, расправата е закажана да започне во 09:30

09:13: 4NEWS.mk ќе врши директен пренос од судницата, ќе се вклучиме за кратко со live на facebook

09:00: Во судница од притвор е спроведен и сопственикот на дискотеката Пулс Дејан Јованов – Деко, родителите започнаа да извикуваат „убиец“

09:00: Движењето „Кој е Следен?“ пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“.

08:59: Во судница влезе и сопственикот на агенцијата рубикон, се очекува двата предмети да бидат споени

08:58: Дел од родителите и роднини на загинатите влегоа во судницата, сместени се позади стаклото заедно со медиумите

08:55: На судењето ќе присуствува и претставник од амбасадата на САД

08:50: Се полни судницата во Идризово. Пред неа моментално можат да се забележат родителите на жртвите, сведоци, обвинети.

Судница Идризово / 4NEWS.mk

08:37: Голем број на полициски сили се присутни во и околу објектот. Се очекува од затворите да бидат спроведени обвинетите лица кои се во притвор.

Затворска полиција пред судницата во Идризово / Фото: 4NEWS.mk

08:30: Пред судницата во Идризово започнаа да пристигнуваат новинарските екипи. Судницата е една од најголемите во Македонија. По нејзиното отворање ова ќе биде втор случај кој ќе се суди тука. Првиот беше судскиот процес за предметот „Адитив“ кој неодамна започна.

Фото: Судница во КПУ Идризово / 4NEWS.mk

Истражувања кои претходно ги објавивме: