Инженери проверувале облакодер со 33 спрата во Сиднеј, откако добиле повик за чудни звуци на содавање пукнатини, по што 3000 лица се евакуирани.
Тие влегле во зградата додека станарите чекале повик да се вратат повторно во зградата.
„Опал Тауер“ е нов облакодер со 392 стана, кој бил отворен пред четири месеци.
Еден станар рекол дека слушнал силен удар како нешто да пукнало во зградата и во секој момент очекувал да се сруши. Некои станари рекле дека виделе пукнатина на 10-тиот кат.
„Пред неколку дена вратите во зградата изгледаа поинаку. Вратите не можеа убаво да се затворат и како да имаше силен ветар, а надвор времето беше мирно“, рече еден од станарите.