Од полноќ нова цена на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 19.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,829%, кај дизелот за 2,669%, кај екстра лесното масло за 1,719% и кај мазутот зголемувањето е за 3,215%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,015%

Од 23.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 85,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,901 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг и сега ќе изнесува 42,901 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното