Од утре граѓаните на Македонија и Босна и Херцеговина ќе можат да ги минуваат границите на двете земји само со лични карти. Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина соопшти дека одлуката на сила стапуна на 1 декември.
Договорот беше потпиша уште на 12 март од страна на минисрите за надворешни работи Никола Димитров и Игор Црнадак, но иако од македонска страна сите процедури беа завршени, се чекаше постапката да биде комплетирана и во БиХ. Сега, граѓаните на Македонија само со лична карта можат да патуваат во Албанија, Црна Гора, Србија, Косово и Босна и Херцеговина.