„Министерството за економија во 2012 година не издало лиценца за објектот за кој денеска зборуваме. Издадена е лиценца за локација на ул. ’Димитар Влахов ББ‘, што е сосема различна од објектот каде се случи трагедијата во 2025 година (ул. ’Крижевска‘).“
Со ова тврдење, адвокатот Даниел Георгијевски, бранител на поранешниот министер за економија Ваљон Сараќини, се обиде да ја урне тезата на Обвинителството дека неговиот клиент е виновен за пожарот.
Одбраната праша дали е логично министер, чиј мандат завршил во 2014 година и кој потпишал лиценца со важност од само една година, да одговара за настан во 2025 година.
„Дали требало 13 години потоа да застане пред врата и да забрани влез на 600 луѓе и да спречи вметнување на пиротехника? За каков каузалитет зборуваме кога во време на трагедијата објектот воопшто немал активна и важечка лиценца?“ праша адвокатот.