Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, инфомираше дека донеле одлука за излегување на улиците на Скопје на 2-ри април.
Тој информираше дека не се преговара со поголемиот дел на гранските синдикати на ССМ, како и за висината на платите.
„Се засилија нападите кон ССМ од последната прес-конференција од почитичка партија и поставени директори кои земаат плати од нашите плати кои ги плаќаме како даноци. Ги плаќаме за да се закануваат со откази и намалување на плати на наши активисти“, рече Трендафилов.
Трендафилов истакна дека не се тука за да ја рушат Владата, туку за да им се покачат платите за да се живее достоинствено.