Oдреден притвор за разбојникот кој ограби банка

Денеска (15.06.2024) во 13.45 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.К. (31) од Скопје поради основано сомнение дека на 04.06.2024 во 11.50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари.

Извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по  што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното