КООРДИНАТОРОТ НА ОН за вонредни состојби Мартин Грифитс, кој се наоѓа во турскиот регион Кахраманмарас, рече дека бројот на загинати по земјотресот во Турција и Сирија ќе биде двојно поголем од сегашното ниво.
Да потсетиме дека сегашниот број на загинати од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија надмина 24.400. Повеќе од 80.000 луѓе беа повредени.
„Тоа е многу, многу шокантно – оваа идеја дека под планините од урнатините има сè уште луѓе, некои од нив живи, а многу од нив мртви. Не сме ни почнале да ја утврдуваме конечната бројка на загинати“, рече тој во интервју за Скај њуз.
„Ова е најлошата катастрофа во оваа област во последните 100 години“, додаде тој.