Оглас за работа во Норвешка брзо се шири на социјалните мрежи. Станува збор за понуда што нуди голем број работни места за кандидати без претходно искуство, со плати што надминуваат 3.000 евра месечно.
SalMar ASA, еден од водечките светски производители на атлантски лосос, бара сто работници за својата фарма во Кберва, во регионот Фроја, пишува Diario Vasco.
Опис на работното место и услови
Според огласот објавен преку мрежата EURES, се нудат 100 постојани работни места. Новите вработени ќе работат од понеделник до петок како производствени работници, а нивните задачи ќе вклучуваат филетирање, пакување, контрола на квалитетот и одржување на хигиенските стандарди во погоните за преработка.
Плата и бенефиции
Еден од најатрактивните елементи на понудата е секако платата. Часовната плата е 228,46 норвешки круни (околу 19,86 евра), што, со работна недела од 36,5 часа, дава просечна месечна плата од околу 3.000 евра. Износот може да биде поголем благодарение на бонусите, како што е 20% за работа во попладневната смена.
Понудата вклучува и три паузи по смена (една платена), пристап до теретана и можност за јадење за само две евра дневно.
Потребни квалификации
За аплицирање не е потребно посебно образование или претходно работно искуство, иако искуството во преработка на храна или аквакултура ќе се смета за предност. Единствениот услов е основно познавање на англиски или норвешки јазик. Компанијата наведува дека предност ќе им се даде на кандидатите заинтересирани за престој во Норвешка на долг рок. Конкурсот е отворен до 31 јануари 2026 година.