Огномет во Скопје нема да има, парите ќе се донираат одлучи Град Скопје

Огномет вечерва во главниот град Скопје нема да има, дознава 4NEWS.mk

Град Скопје донел одлука средствата да ги донира во хуманитрани цели.

Традиционалниот огномет нема да го има, а граѓаните се со поделени мислења околу тоа.

За пречекот на новата година на градскиот плоштад „Македонија“ ќе настапат македонски музичари.

Преостануваат уште неколку часа до стартот на новата 2025-та. Во македонската метропола веќе почна новогодишната еуфорија. Во центарот на градот кафулињата и рестораните веќе се полни, скопјани и годинава традиционално на дневните забави се загреваат за дочекот на Новата година.