Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Иако три авиони „Ер Трактор“ во текот на денот успеаја да го забават неговото ширење, линијата на огнот е сè уште долга и тој не е целосно изгаснат, информираше директорот Стојанче Ангелов.

На терен во моментов дежураат и дејствуваат екипите на Скопската противпожарна бригада, како и припадниците на противпожарните тимови од Дирекцијата за заштита и спасување кои се теренски мобилизирани со четири теренски возила „Пинцгауер“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни