Индиската крајбрежна стража заплени повеќе од тон кетамини и уапси шест Мјанмарци, членови на посадата на бродот кој превезувал дрога, соопштија индиските власти.
Дрога вредна околу 42 милиони долари се наоѓала во брод кој во средата е воочен од авион на крајбрежната стража додека со изгасени светла пловел по Индискиот Океан, наведе индиското министерство за одбрана.
Посадата на бројот не одговарала на радио пораките па припадниците на крајбрежната стража влегле во пловилото. Во петокот наишле на „57 кеси со сомнителна супстанција“.

Шестмината уапсени Мјанмарци како и товарот од бродот се префрлени во Порт Блер, главниот град на индиските територии Андамански и Никобарски Острови.
Тие рекле дека Мјанмар го напуштиле на 14 септември.
Андамнските и Никобарските Острови се наоѓаат во близина на брегот на југоисточна Азија, недалеку од Мјанмар.
Делови од Лаос, Тајланд и Мјанмр се наоѓаа во регионот на „Златниот триаголник“, средиште на трговијата со метамфетамини од каде дрогата се испраќа кон остатокот од југоисточна Азија.