Охрид: Еспресо 120 денари, нескафе 190

Во пресрет на летната сезона, Охрид ги „дочекува“ туристите со несекојдневна понуда: еспресо за 120 денари и нескафе за 190.

Градот кој некогаш беше бисер на Балканот, денес нуди „луксузна“ услуга по европски цени и балкански услови.

Според неофицијални информации, дури 30.000 туристи од Полска ја откажале посетата на Охрид, со образложение дека е скапо.

Додека цените летаат, а угостителите се жалат на слаба сезона, туристите се прашуваат: дали канализацијата ќе биде решена пред да пристигне шлагот на сезоната.

Непријатен мирис се шири низ Охрид од канализацијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното