Охрид ја доби првата жена капетан на брод – Елена Лотеска-Наумоска, која е дел од групата од 16 кандидати што успешно го положија испитот за управување со пловни објекти.
Сертификати добија заповедници за меѓународен и државен пловен пат, како и морнари и палубен персонал. Министерот за транспорт, Александар Николоски, истакна дека вакви испити се организираат за првпат по 2005 година, откако претходно се полагале во странство.
Тој најави и проект за реконструкција на Градскиот кеј и пристаништата, со цел модернизација и подобрување на условите за пловидба.
Од Капетанијата информираа дека е набавен нов глисер за инспекциската служба, во насока на зголемување на безбедноста на Охридско Езеро, каде се регистрирани околу 3.450 пловни објекти.
