Акционерот Оилко КДА продолжи со засилено темпо да го зголемува својот сопственички удел во нафтената компанија „Макпетрол“ АД Скопје, откако неодамна го помина законскиот праг за објавување понуда за преземање.
Во најновото известување објавено денеска на Македонската берза, компанијата информира дека се стекнала со дополнителни 91 обична акција од „Макпетрол“.
Со оваа последна трансакција, Оилко КДА во моментов поседува вкупно 29.242 обични акции, со што неговиот удел во сопственоста на „Макпетрол“ се искачи на 26,02%.
Овој потег следува откако компанијата кон крајот на септември го надмина прагот од 25%, со што, согласно Законот за преземање на акционерски друштва, се активираше обврската да објави јавна понуда за откуп на акциите од сите останати акционери. Продолжувањето со откупот на акции само ја потврдува сериозноста на намерите на Оилко КДА.