Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка и презема дејствија за утврдување на можни неправилности во работењето на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.
Како што соопштија од Обвинителството, јавниот обвинител издал наредби до Министерството за внатрешни работи и други надлежни институции за итно постапување и прибирање на докази поврзани со евентуално сторено кривично дело.
Дополнително, до комуналните инспекциски служби се доставени барања за вонреден инспекциски надзор во претпријатието, со цел да се утврди и документира моменталната состојба во работењето.
Од Обвинителството најавуваат дека по прибирањето на сите извештаи и докази, ќе се донесе одлука дали има основ за покренување понатамошна постапка.