Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отвори предмет по допрен глас за да ги провери наводите за енормно загадување со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

Надлежен јавен обвинител ќе ја координира соработката со Државниот инспекторат за животна средина и со надлежните инспекциски служби, со цел да се извршат темелни проверки за потеклото на депонијата и за можните последици врз животната средина.

Во рамки на постапката ќе се спроведат теренски и други неопходни проверки за утврдување на фактичката состојба, по што ќе се оцени дали постојат законски основи за понатамошни мерки.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и бидат идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности за кривичен прогон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни