Повеќе деца од училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во населбата Аеродром се пожалиле дека не се чувствуваат добро. Тие најверојатно се затруле со храна.
Станува збор за 140 ученици од училиштето, кои се хранат во целодневна настава.
„Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти, слични симптоми, изјави директорот на училиштетот Александар Филипчев.
Подвлече дека случајот е пријавен до сите надлежни институции и дека е извршен вонреден инспекциски надзор.
