Годинешното финале на Евровизија и двете полуфинални шоуа во средината на мај во живо ги следеле околу 162 милиони луѓе, според најновата проценка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ).
До таа бројка ЕБУ стигна со собирање на податоците од 38 јавни телевизиски станици. Конечната бројка е за милион гледачи повеќе од лани.
Финалето во Ливерпул на 13 мај го следеа 9,9 милиони луѓе во земјата домаќин – само Велика Британија, повеќе од кога било досега, што е само зголемување од 22 отсто за публиката во Велика Британија.