Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео аларм за 22 ноември 2025 година.
Според најавите, во текот на ноќта и утрешниот ден се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни, над 40 литри на метар квадрат во период од 24 часа.
Метеоролозите предупредуваат и на можност за појава на локално невреме, проследено со грмежи и засилен ветер. Граѓаните се повикуваат на зголемена претпазливост, особено во подрачјата каде интензивните врнежи може да предизвикаат проблеми во сообраќајот и на терен.