Општа болница со проширена дејност Кочани во соработка со Клиника психијатрија организира тим на психијатри и психолози од ЈЗУ ОБ Кочани и ЈЗУ Клиника психијатрија за психолошка и психијатарска подршка на семејствата и блиските на настраданите која ќе биде во служба 24/ 7, почнувајќи од денеска.
Прегледите од 8 до 16 часот ќе се вршат во центарот за ментално здравје во нашата болница кој се наоѓа во кругот на нашата болница веднаш до зградата за вакцинација, а по 16 часот на одделението невропсихијатрија при нашата установа, се велии во соопштението од болницата.