Орбан: Незамисливо е Украина да влезе во ЕУ!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е „незамисливо“ Украина да стане членка на Европската унија.

Говорејќи пред следниот самит на ЕУ во Брисел, Орбан за државното радио изјави дека не може да изнесе „ниту еден аргумент“ во корист на приемот на Украина во ЕУ, имајќи ги предвид интересите на Унгарија, пренесе МТИ.

Тој додаде дека има многу аргументи против членството на Украина, меѓу другото дека таквиот прием ќе ја „уништи земјата“ во однос на домашното земјоделство и унгарската економија во целина.

Тој, исто така, истакна дека не е јасно „како би било можно да се запре криминалот“ што „би стигнал до Унгарија“ како резултат на влезот на Украина во ЕУ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното