Македонија

Ордановски: Падот на квалитетното новинарство е глобален процес, но кај нас проблемот е поголем

Ордановски: Падот на квалитетното новинарство е глобален процес, но кај нас проблемот е поголем

Кризата во новинарството не е само македонски проблем, туку глобален тренд, смета Сашо Ордановски, кој предупредува дека намалувањето на интересот на публиката и ресурсите влијаат врз квалитетот на медиумите.

Во разговор за „Ноќно Студио“ на 4ТВ.мк, Ордановски посочи дека и развиените демократии се соочуваат со пад на квалитетното новинарство.

„Тоа се случува во светот и во развиените демократии. Постојат медиуми кои сè уште ги почитуваат стандардите, но тие се малку“, рече тој.

Според него, ситуацијата е особено сложена во земји со помал број говорители на јазикот, каде што медиумите имаат ограничена публика.

„Публиката е сè помала и сè понезаинтересирана, и тоа е резултатот со кој се соочуваме“, оцени Ордановски.

Тој додаде дека медиумите се принудени да се борат со економски ограничувања, додека технологијата дополнително ја менува професијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни