Три месеци по гламурозната свадба на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ парот објави заедничка фотографија од Јамајка каде двајцата позираат во костими за капење.
Популарната пејачка во едно делен костим за капење во розова боја го покажа трудничкото стомаче, додека Филип во светло сини шорцеви позира качен на дрво под неа.
Синот на Брена под фотографијата напиша, „Вистинска љубов“.
https://www.instagram.com/p/Bni00saBZpy/?utm_source=ig_embed
Да се потсетиме како изгледаше гламурозната свадба на Александра и Филип.
Познато е дека Филип Живојиновиќ не е син на Лепа Брена, иако многумина неговата избраничка Александра Пријовиќ, ја нарекуваат снаата на Брена. Пред познатата пејачка, тениската легенда Слободан Боба Живојиновиќ бил во врска со Зорица, со која го добил синот Филип.
Таткото на младоженецот, Боба Живоиновиќ, беше задолжен за целата организација на свадбата, а мајката, балканската ѕвезда Лепа Брена изгледаше совршено.
И додека на овој долгоочекуван ден, заврна дожд, на тоа Лепа Брена изјави:
„Навистина не сум суеверна, а овој дожд е таман за малку да ја излади атмосферата”, додавајќи дека „Боба организира сè толку добро што навистина мислам дека ништо не може да тргне наопаку”.






