Османи: 2008 година тука чекавме да станеме членка, еве денеска доаѓаме како членка на НАТО

ИЗВЕСТУВА ОД БУКУРЕШТ, ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Министерот за надворешни работи на Северна Макеоднија Бујар Османи на влезот од состанокот на министрите за надворешни работи пред македонските медиуми изјави дека учеството на состанокот во Букурешт има и друг значење, освен главното за едногласа поддршка на Украина.

„Регионот на црното море е геостратешки интерес на НАТО. За нас има и друга симболика, 2008 година тука чекавме да станеме членка на НАТО, еве денеска доаѓаме како членка на НАТО, но се разбира пораката е да покажеме единство, кохезија во делот на осудување на агресијата, поддршка на Украина“, изјави министерот Бујар Османи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното