Османи: Македонците треба да бидат среќни што имаме амбиција за премиер Албанец

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, во своето гостување во емисија на ТВ21 повторно зборуваше на темата за премиер Албанец.

Тој вели дека Македонците треба да бидат среќни што имаат амбиција за премиер Албанец.

-Не случајно беше пораката, слоганот на кампањата „Македонија повторно ваша”, „Македонија повторно горда”. Пораката беше дека Албанците ни ја земале државата, ќе ви ја вратиме повторно. Ние не сме ја земале државата од никого. Македонски интерес е Албанците да имаат амбиција да имаат премиер, што ако бараат премиер на паралелните институции? Дали ова е македонски интерес? Да се наруши унитарноста на државата? Тие треба да бидат среќни, возбудени што по толку години, Албанците почнаа да ја гледаат државата како своја, сакаат премиер, сакаат министер за надворешни работи, министер за финансии, сакаат да бидат дел од процесите. Ова ја зајакнува унитарноста, вели Османи во своето гостување на ТВ21.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното