Македонија

Османи: Оформен кризен штаб за несреќата, отворен е и телефонски број за семејствата на загинатите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека МНР оформило кризен штаб во врска со несреќата во Бугарија во која при експлозија на автобус на Беса-транс загинаа 46 државјани на С. Македонија, а седум лица се ранети.

-Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата. Истовремено, Ве информираме дека веќе двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан, вели Османи.

За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет: тел.број- 075 273 732

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни