AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Османи се сретна со новоизбраните „Дипломати за дијаспора“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со двајцата новоизбрани „Дипломати за дијаспора“, Никола Ѓорчев и Семра Рамадани, пред нивното упатување во Њујорк и Осло, како ДКП-а во кои ќе ги извршуваат своите новододелени задачи и обврски поврзани со грижа за дијаспората.

Османи ваквата одлука, за назначување и испраќање на посебни дипломати што ќе се грижат за дијаспората, ја донесе врз основа на добиените сигнали од страна на овие наши граѓани, преку се позачестените контакти што ги има со нив, од кои произлезе потребата дека министерството за надворешни работи мора да ги засили своите капацитети по Амбасадите, кои својот фокус ќе го имаат кон засилената грижа кон дијаспората.

„Пред вас имате посебна задача, но и голема шанса, која треба да се искористи за успешни проекти. Очекувам посветено извршување на дипломатските ангажмани што ги добивте, а се во насока на помагање, грижа и унапредување на врските на државата со дијаспората. Оваа соработка е потреба, но и наша обврска за оваа категорија на наши граѓани“, истакна Османи.

Дипломатите за грижа за дијаспората ќе работат во насока на мапирање на демографската структура и просторната дистрибуција на дијаспората, во насока на креирање на датабаза на податоци во која точно ќе се евидентираат овие луѓе, вклучително и нивните занимања и образование, воспоставување на формална, организирана, координирана и активна комуникација помеѓу дијаспората и матичната земја. Овие дипломати ќе се ангажираат за: поголема политичка вклученост и остварување на граѓанските и социјалните права на дијаспората; во функција на градење на довербата и воспоставување на нејзина ефективна соработка со државата, воспоставување на економска соработка на државата и дијаспората во различни области, базирана на партнерство, еднакви можности и заемна корист; проширување на соработката со дијаспората во областа на образованието, науката и младите и воспоставување и проширување на културните врски со дијаспората во различни области за зачувување на културниот идентитет и културното наследство. Целта на овој проект, е овие дипломати да придонесат за засилување на врските меѓу дијаспората и татковината и да развиваат мрежи кои ќе овозможат подобар увид во потребите на дијаспората, како и ќе ги охрабрува претставниците на дијаспора за директните инвестиции во земјата и зголемена економска соработка.