Османи во Букурешт, на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО

ОД БУКУРЕШТ ИЗВЕСТУВА, ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Од Минхенската лидерска средба, министерот за надворешни работи, Бујар Османи на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на Министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија.

Во фокусот на разговорите на НАТО Министерскиот состанок денес и утре, ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична поддршка од страна на земјите – членки. Воедно, ќе стане збор и за зајакнување на индивидуалната и колективна отпорност на земјите членки наспроти долгорочните предизвици со кои се соочува Алијансата.

Сојузниците ќе се осврнат и на стратешкото значење на Западен Балкан и Црноморскиот регион за НАТО и во таа насока на потребата од зајакнатата поддршка за земјите партнери изложени во поголем ризик.

Видео материјали на следниот линк: https://www.natomultimedia.tv/app/home

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното