Осомничените за убиствата на Вања и Панче ставени секој посебно во Шутка за да не бидат мета на револт на притворениците!

Се очекува наредба за истрага и предлог за притвор од 30 дена за сите четворица осомничени за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска.

Осомничените се во Шутка, пишува телевизија Телма.

Според телевизијата осомничените – штипјанецот Влатко Кешишов, велешаните Велибор Манев и Боре Видоевски се ставени секој посебно, за да не бидат мета на револт на другите притвореници.

Вања беше грабната во понеделникот, на 27 ноември околу 7:30 часот, а според исказите на осомничените, била убиена околу 10 часот истиот ден.

Нејзиното тело беше пронајдено кај селото Бразда, каде беше пронајден и опожарениот автомобил Цитроен, кој пак бил искористен за нејзиното грабнување.

На убиството на Вања претходело грабнувањето и убиството на 74 годишниот велешанец Панче Жежовски, кој бил сопственик на возилото.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното