Управата за извршување на санкции информира дека во Казнено-поправната установа во Гевгелија е реализирана берба на околу три тони тикви.
Посевите биле целосно одгледани од самите осудени лица, како дел од секојдневните активности и работната терапија во установата.
Ваквите активности имаат повеќекратна корист – придонесуваат за подобрување на исхраната во затворите, обезбедуваат дополнителни количини свежа земјоделска продукција и воедно се дел од процесот на ресоцијализација на осудениците преку практична работа.
Читај и ова:
- 1.Опсадна состојба во Минхен! Се слушаат експлозии и истрели: Најмалку едно лице е убиено, има повредени
- 2.Месечен хороскоп за октомври 2025 година
- 3.Посебен режим на сообраќај утрово во Скопје поради одржување на протест
- 4.Променливо облачно со слаб северен ветер
- 5.Government shutdown: Федералната влада на САД престана да работи