Македонија

Осум возачи уапсени за безобѕирно возење – двајца малолетници без дозвола, 70-годишник возел под дејство на алкохол

Осум возачи уапсени за безобѕирно возење – двајца малолетници без дозвола, 70-годишник возел под дејство на алкохол

Осум возачи се лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации низ Македонија поради сомнение за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, шестмина од приведените управувале возила без положен возачки испит, меѓу кои и двајца малолетници на возраст од 17 години.

Без возачка дозвола биле затекнати С.С. (32) и Б.Р. (27), двајцата од Скопје, Ш.К. (23) од Арачиново, З.И. (19) од Студеничани, како и двајца 17-годишници од Студеничани и Прилеп.

Полицијата привела и 27-годишен жител на Врапчиште, гостиварско, кој управувал возило со брзина поголема од дозволената.

Меѓу приведените е и 70-годишен скопјанец, кој бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициските информации не содржат податоци за измерената брзина на возачот од Врапчиште, ниту за количеството алкохол кај 70-годишниот возач.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни