Јужнокорејската актерка Ким Сае-рон, позната по улогата во серијата „Bloodhounds“, беше пронајдена мртва во својот дом во Сеул на 24-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена на 16 февруари.
Сега причината наводно е откриена. Ѕвездата на Нетфликс извршила самоубиство, јавуваат светските медиуми, меѓу кои и Њујорк Тајмс, новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на полицијата.
„Веруваме дека таа направила екстремен избор и планираме да го третираме како самоубиство“, изјавила полицијата за новинарите, пренесуваат медиумите.
Ким беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Сеонгсу-донг, населба во источен Сеул, Јужна Кореја, непосредно пред 17 часот по локално време во неделата, 16 февруари, објави Јонхап, цитирајќи ги властите.
По дебитантските улоги, Ким се префрли на позначајни проекти, вклучувајќи ги филмот „Човекот од никаде“ и серијата „Снежен пат“, за кој ја освои наградата за најдобра актерка на фестивалите „Златен петел“ и „Сто цвеќиња филм“. Нејзиниот последен проект беше акционата серија на Нетфликс од 2023 година Bloodhounds.