Откриена првата демо-снимка на Дејвид Боуви – во кошница за леб

Пред да стане Аладин Сејн или Зиги Стардаст, слабото 16-годишно момче со амбиции да биде саксофонист, се согласи да го пее главниот вокал на демо-снимките направени во мало студио во јужен Лондон.

Оваа неодамна пронајдена снимка е најстариот познат аудиозапис на Дејвид Боуви на кој ја пее I Never Dreamed со првиот бенд „Конрадс“. Таа ќе биде понудена на аукција за 10.000 фунти.

Инаку, демо-снимката беше пронајдена од Дејвид Хатфилд, кој бил малку постар од другите членови на „Конрад“ и работел како нивен тапанар и менаџер. Тој ја нашол снимката кога се селел од една во друга куќа, скриена во стара кошница за леб, која му припаѓала на дедо му, во засолниште над гаражата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното