Откриени остатоците од исчезнатата аргентинска подморница

Аргентина ги откри остатоците од подморницата Сан Хуан, која исчезна пред една година.

Вкупно 44 лица беа исчезнати заедно со подморницата. Приватната американска компанија која беше најмена да ја бара подморницата, успеа да ја локализира на дното на Атлантскиот Океан, на околу 400 километри од брегот на Патагонија и на длабочина од 800 метри.

Пред 4 години Аргентина вложи 20 милиони долари во модернизација на трите подморници, кои беа прогласени за гордоста на флотата. Исчезнувањето на “Сан Хуан” доведе до обвинение против Владата и отпуштања во штабот на флотата.

На американската компанија која ја најде подморницата ќе и бидат исплатени 7,5 милиони долари.

Извор: ТВ21