
Српските медиуми објавија идентитет на македонскиот државјанин кој загина во вчерашната несреќа во Нови Сад, кога при уривање на настрешница на главната железничка станива, загинаа 14 лица, а три лица се борат за живот.
„Блиц“ јавува дека станува збор за Васко Саздовски, македонски државјанин, но притоа не е познато колку години има.
Повеќе детали се очекуваат во следните денови, кога ќе биде познато како се случил овој инцидент. Српските медиуми јавуваат дека настрешницата била реновирана и пуштена во употреба оваа година.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека во следните денови ќе има одговорност за оваа трагедија.