Утрово во 7:00 часот беа отворени сите 3.480 избирачки места низ државата, со што започна гласањето за првиот круг од Локалните избори 2025 година. Од Државната изборна комисија (ДИК) информираат дека сите избирачки места се отворени навремено и процесот на гласање се спроведува непречено и без проблеми.
Право на глас на овие избори имаат вкупно 1.717.803 граѓани запишани во Избирачкиот список.
Вчера, своето право на глас го остварија болните и немоќни лица, лицата во затвор и притвор, како и штитениците во установите за вонсемејна грижа.
Гласачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот, по што ќе започне броењето на гласовите и објавувањето на првичните резултати од страна на Државната изборна комисија.