Ова е најскапата течност на светот, чија вредност се мери во милиони

Отр*вот на шкорпијата не само што е опасен, туку може да ви помогне да заработите многу пари.

Отр*вот од средоземната жолта шкорпија – “Deathstalker”, може да биде см*тоносен, но на вас може да ви помогне да заработите милиони долари.

Средоземната шкорпија е една од најопасните шкорпии на планетата, а нејзиниот отр*в е најскапа течност на светот – нејзината вредност е 39 милиони долари за само 3,78 литри.

Дури и ако имате пари, не би можеле да купите литар отр*в, бидејќи можете да го добиете само во мали количини. Имено, за 130 долари би добиле капка која е помала од зрно шеќер.

Причината е многу едноставна – многу е тешко да се дојде до отр*вот.

За да се добие оваа скапоцена течност, отр*вот мора да се извлече рачно, а само една шкорпија произведува, во повеќето случаи, најмногу два милиграма отр*в.

Со самото тоа, од една шкоропија би морале да извадите отр*в 2,64 милиони пати за да добиете 3,78 литри течност.

Еден убод е доволен да у*ие здрав човек, а сосема сигурно предизвикува болка.

Шкорпијата, како и другите отр*вни животни, употребува отр*в за ловење на плен, одбрана од можни закани и зашеметувањена партнерот во текот на парењето. Отр*вот од шкорпијата може да се состои од низа соединенија, од кои некои го погодуваат нервниот систем.

Основачот на “Venomtech”, фармацевтска комопанија која се занимава со производство на лекови, Стив Трим, е еден од неколкуте доволно храбри луѓе кој е подготвен да го искористи моќниот отр*в на шкорпијата, токму затоа што содржи корисни состојки кои можат да помогнат во развојот на медицината.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното