Полицијата распиша меѓународна потерница и Интерпол сега го бара Палчо поради „грабнување“ и „убиство“

Љупчо Палевски Палчо од вечерва е објавен на веб страницата на МВР дека се бара со потерница.

По него МВР веднаш имаше распишано централна потерница, но од вечерва распишана е и меѓународна потерница што значи дека во потрагата се вклучува и Интерпол.

На денешната прес конференција беше кажано од полицијата и Јавното обвинителство дека Палчо е организатор и извршител на двете убиства.

Порадно денеска пишувавме дека телата ги криел во дупките кои ги копал претходно за пронаоѓање на злато.

Инаку Палчо заедно со неговиот адвокат ја напуштиле Македонија, се упатиле во Србија, а потоа и во Бугарија. Но бугарските власти денеска изјавија дека нема на нивна територија убиец кој се бара со меѓународна потерница.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.