Ова е популарниот автомобил кој за 2 минути се трансформира во авион

„AirCar“ не е научна фантастика или дел од филм. Се работи за прототипот на летечки автомобил кој неодамна летал во меѓународните аеродроми во Нитра и Братислава во Словачка, а летот траел само 35 минути.

Хибридниот автомобилски авион „AirCar“ е опремен со BMW мотор и користи гориво од бензиска станица.

Неговиот творец, професорот Штефан Клајн, рекол дека може да лета околу 1.000 километри на висина од 2.500 метри и дека досега имал вкупно 40 часа лет.

Потребни се две минути и 15 секунди автомобилот да се трансформира во авион.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.