Правнуката на Јосип Броз Тито и ќерката на режисерот Саша Броз, Сара Хас, неодамна го прослави својот 29-ти роденден. По тој повод, нејзината мајка ѝ посвети објава на Инстаграм.
„Среќен роденден на мојата најголема љубов“, напиша таа во описот на фотографијата.
Инаку, Сара е сценограф, а таа и нејзината мајка соработуваат во бизнисот. Нивната трета заедничка соработка е претставата „Случајна средба во секс шоп“, чија премиера беше оваа година.
Таткото на Сара е познатиот актер Ранко Зидариќ, ѕвездата на популарната серија „Наша мала клиника“, пишува insider.hr.
Сара решила да го замени презимето на нејзиниот татко со презимето на нејзината покојна прабаба Херта Хас, третата сопруга на Јосип Броз Тито.
– Презимето не го зедов од прабаба ми само од почит кон неа, туку од почит кон двајца во семејството за кои знам дека им е исклучително драго што барем некој се уште го носи презимето Хас. Менувањето на презимето за мене не е голема промена бидејќи за сите секогаш сум Сара, на крајот на краиштата не е тешко да се открие чие име сум – изјавила пред неколку години за Јутарњи лист.
– Пред две години рече дека сака да се ослободи од бремето на моето и презимето на Ранко и дека решила да го земе презимето на баба и, Хас. Јас и Ранко знаеме што значи да се носи товарот на познато презиме, татко му е актерот Крешимир Зидариќ. Ја поддржавме затоа што чувствувавме дека ѝ дојде природно и дека има смисла – изјави Саша Броз за Вечерњи лист.
Сара е вработена како сценограф во Загребскиот куклен театар, а пишува и сценографија за „Тајниот дневник на Адријан Мол“. Исто така, на големо се шпекулира дека таа е неверојатно талентирана сликарка чии платна ви го одземаат здивот.
