Ова никогаш не треба да го ставате во вашето CV: Изоставила една информација и добила 9 покани за интервју за работа

Маркетинг менаџерот Серис Гардинер (25) објави видео на својот профил на TikTok во кое објаснува што никогаш не треба да ставате во вашето CV кога аплицирате за огласи за работа.

Имено, кога бараме работа, се трудиме да ја подобриме нашата биографија, па дури и да кажеме бела лага за да му угодиме на потенцијалниот работодавец и да ја добиеме посакуваната работа.

Токму тоа го направила оваа девојка која била толку очајна што не можела да најде работа. Мислела дека никој од работодавците не го земал предвид нејзиното искуство, со оглед на тоа што нема бидејќи е неодамна дипломирана. Значи, таа само промени една ставка на нејзиното CV, и погодете што? Четворица од нив веднаш ја контактирале и ја поканиле на интервју за работа.

– Направив само едно нешто што апсолутно ја промени мојата ситуација, се се смени од корен – изјави Церис.

Што направи таа?

@marketingbycerys Replying to @Sahara Simpson here’s my CV template💖 #cvtips #cvtemplate #cvtipsandtricks #jobsearch #jobapplication #careeradvice #careertiktok #youngprofessional #careergoals #corporatelife #jobhunting #newjob ♬ original sound – cerys🍒| marketing & careers

Едноставно решила да ги отстрани сите информации за своето работно искуство и да го избрише тој сегмент од своето CV, односно ја избришала годината на дипломирање. За само две недели, таа добила девет повици за интервју. Поради ваквиот исход, таа ги советува сите нејзини врсници, вклучително и оние кои неодамна ги завршиле студиите, да го сторат истото бидејќи верува дека ќе се случи иста или слична ситуација.

Истовремено, вели дека тоа може да им помогне и на оние кои се поискусни во работата и бараат друг бидејќи често може да бидат „отфрлени“ во корист на помладите кандидати.

– Не ми се верува дека во денешно време луѓето се уште се дискриминирани поради нивната возраст. Познавам луѓе кои се двојно повозрасни од мене, кои се бескорисни во тоа што го работат, и луѓе кои се помлади од мене кои се неверојатни. И компаниите треба да ги имаат овие луѓе. Но, сè уште постои „ageism“ и мора да се оди. Отстранете ја дипломската година од вашата биографија затоа што може да ве „оддалечи“ од вработување – рекла таа на својот профил на „ТикТок“, а видеото го погледнале над 1.200.000 луѓе.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното