Занимавање со спорт и многу добро за здравјето, како и физичко, така и психолошки, и значајно може да влијае на квалитетот и на траење на животот.
Затоа многу е важно да се истакне дека неправилното вежбање може да има долготрајни последици по здравјето и со само тоа повеќе штета од корист.
Грешките се составен дел од секој процес, но поради тоа е важно да се внимава кога се вежба. Грешките при вежбањето мора да се сведат на минимум.
- Прва грешка со која се соочуваат вежбачите е немање цел
Од пресудно значење е на самиот почеток јавно да се постават целите со договор на стручни и искусни тренер.
- Занемарување на исхраната и квалитетот на намирниците кои ги внесуваме е исто така честа грешка која го забавува, а често и го уништува процесот на напредок во зададените цели.
Исхраната треба да игра клучна улога. За почеток треба да се држите на добро познатиот рецепт на избегнување на претерано внесување на сол, масти и јагленохидрати.
Многу е важно да се потенцира дека диетата треба да биде препишана од стручен нутриционист и со задолжителна консултација со лекар и со низа поминати тестови.
- План
За постигнување на поставената цел е најважен планот, односно програм на тренинг прилагоден на целта, потребите и можностите и времето кое го имаме на располагање.
- Сон
Исто така сонот, односно спиењето е многу важен процес во вежбањето. Лошиот квалитет на сонот драстично влијае на напредокот и опоравувањето на целото тело.