ФОТО: Ова се најубавите плажи на Балканот

За да уживате во прекрасните плажи и егзотичните морски пејзажи нема потреба да патувате далеку. На Балканот се наоѓаат прекрасни места на кои навистина треба да им обрнете внимание. Јадранското, Јонското, Егејското и Црното Море го опкружуваат Балканскиот Полуостров и создале некои навистина неверојатни места.

1. Плажа Навагио, Закинтос, Грција

Ова е најпознатата плажа на Закинтос. Има навистина препознатлив изглед и речиси секој има видено фотографија од неа. Опкружена е со високи карпи, има ситен бел песок, а водата е неверојатна. Најдобро е да ја посетите рано наутро кога нема многу туристи.

2. Плажа Велека, Синеморец, Бугарија

Оваа плажа се наоѓа на брегот на Црното Море. Рамна е, има бел песок и опкружена е со зеленило. Недалеку од неа има место за кампување. Атмосферата е мирна и релаксирачка, па ова е одлично место за оние кои сакаат да лежат на плажа по цел ден. Покрај чадорите и лежалките, на плажата ви се достапни коктели и храна од баровите.

3. Кралска плажа, Црна Гора

Ова е една од најубавите и најлуксузните плажи во Црна Гора. Името го добила по кралицата Марија Караѓорѓевиќ и изгледа како место достојно за кралско семејство. Долга е 120 метра и е скриена помеѓу маслинки и борови кои ѝ даваат тиркизна боја на водата. За жал, оваа плажа е достапна само за оние кои отседнуваат во луксузните хотели во близина и нејзината посета може да ве чини многу.

4. Дримадес, Дерми, Албанија

Во малиот залив крај селото Дерми, на југот од Албанија, се наоѓа можеби најубавата плажа во државата. Погледот е неверојатен, а за ноќните забави задолжени се коктел баровите.

5. Плажа Кијикој, Кркларели, Турција

Ако сакате плажа со помалку туристи, оваа е совршена за вас. Се наоѓа до истоименото село во северозападна Турција. Плажата е опкружена со прекрасни шуми, а овде расте и еден редок вид црн бор.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното