Ова се трите хороскопски знаци кои панично се плашат од неуспех

Сите ние сме имале момент на паника кога работите не одат според планот, но за некои хороскопски знаци тој чувство не е минливо – тие живеат во таква состојба 24/7. Нивниот внатрешен критичар работи прекувремено, а сценаријата што ги создаваат често се полоши од било кој хорор-филм. Еве кои хороскопски знаци тоа ги погодува најмногу.

Девица

За Девицата, живот без список на задачи едноставно не постои. Ако не е совршено, тогаш не е доволно добро. Ако постои и најмала шанса за грешка, таа ќе ја пронајде и ќе ја анализира под лупа. Овие ситничави перфекционисти толку многу се плашат од неуспех што повеќе би останале будни цела ноќ усовршувајќи нешто што веќе е доволно добро, отколку да ризикуваат критика.

Нивниот најголем кошмар? Да направат грешка пред другите. Ако им кажете да „успорат малку“, нема да ве послушаат. Наместо тоа, пофалете го нивниот труд и потсетете ги дека совршенството не е секогаш реално. Ако им докажете дека „доволно добро“ понекогаш е подобро од „совршено“, можеби ќе ве послушаат – но само можеби.

Јарец

Јарецот не игра на половина – или е најдобар, или е целосен неуспех. Средина не постои. Нивната амбиција и работна етика се неверојатни, но проблемот се јавува кога ќе си постават нереални цели и потоа се самоуништуваат за секој чекор што не оди според планот. Нивниот страв од неуспех не е само личен – се грижат што ќе каже шефот, семејството, пријателите, па дури и случајните минувачи.

Јарците обожаваат структура, па наместо утешни зборови, понудете им конкретен план Б (и план В, бидејќи не сакаат ништо да остават на случајноста). Покажете им дека светот нема да застане ако не ги остварат сите свои цели веднаш. Понекогаш е во ред да се забави – но кажете им го тоа нежно, за да не помислат дека тоа е напад врз нивните способности.

Рак

Раковите се емотивни стратези – секогаш се три чекори пред сите, но не затоа што се амбициозни, туку затоа што се плашат што би можело да се случи ако нешто не успее. Нивниот страв од неуспех не е секогаш поврзан со кариерата, туку многу повеќе со личните односи. „Што ако ги разочарам луѓето околу мене?“, „Што ако повеќе не ме сакаат?“ – тоа се мислите што постојано им одѕвонуваат во главата.

Нивниот страв од разочарување на другите ги прави исклучително чувствителни, па затоа е важно да им покажете поддршка и сигурност, но и да ги потсетите дека нивните грешки не ги дефинираат нивните односи. Понекогаш, сè што им треба е некој што ќе ги увери дека не се сами во своите грижи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното