Баба од Филипините, по име Ванг Од Огеи, стана вистинска сензација на социјалните мрежи откако објави видео на кое тетовира туристи.
Покрај тоа што има многу необичен метод на тетовирање што заинтригира многумина, луѓето се шокирани од информациите за нејзината возраст.
Огеи е всушност најстарата мајстор за тетоважи или „мамбабаток“ како што ја нарекуваат во Калинга, областа во која живее, а има дури 104 години.
За неа тетоважите се симбол на силата, храброста и убавината, а ги прави со стап од дрво „каламанси“, познато и како филипински лимета.
Таа прави сè, од многу едноставно, како една буква или број, до покомплицирани, уметнички претстави, но најчесто луѓето бараат некои симболи на природата карактеристични за Филипините.
– Моите тетоважи се пораки од боговите кои не штитат од непријатели и лоша енергија – изјави таа во интервју за Би-Би-Си во кое откри дека член на семејството и помага во работата бидејќи техниката на тетовирање ја пренесуваат исклучиво во семејството.
Таа ја стекна својата сегашна популарност благодарение на една девојка која го сними процесот на тетовирање и го објави на TikTok.
@colekozume signature tattoo by Apo Whang-Od #tattoo#mambabatok#whangod#kalinga#whangodtattoo
♬ DONT BE SAD GO GET A TATTOO – Delaney Bailey