Оваа ЛЕГО фигура е распродадена за рекордно време, не е тешко да се види зошто

Ситизен Брик, која произведува специјално дизајнирани фигурини ЛЕГО, неодамна лансираше ограничена колекција на фигурини на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Поради големата побарувачка од компанијата, на социјалните мрежи најавија дека ќе пуштат дополнителни примероци на пазарот, а почнаа и со продажба на фигурини од молотови коктели.

За купување на фигурата на Зеленски потребно е да се издвојат 100 долари, додека молотовиот коктел е нешто поевтин и за него треба да се издвојат 10 долари.

Ситизен Брик најави дека целиот приход од продажбата ќе оди во добротворни цели за помош на украинските бегалци.

Нивниот план бил да соберат 100.000 долари, а набргу по објавувањето на пуштањето дополнителни примероци во продажба, компанијата сподели дека сите фигурини се распродадени во рекордно време и дека заработиле повеќе од очекуваното, поточно 145.388 долари.

Ситизен Брик ги информираше заинтересираните дека повеќе нема да може да произведува нови копии од фигурините.