Оваа новинарка е првата личност во историјата која водела вести со тетоважа на лицето

Новинарката од Нов Зеланд, Ориини Каипара, влезе во историјата како првата личност со традиционална тетоважа на Маори на нејзиното лице која водела информативна програма на националната телевизија, пишува People.

„Горда сум на тоа колку далеку стигнав и што успеав да ги пренесувам вестите во 18 часот. Тоа е дефинитивно чекор напред. Секогаш мислам дека секој чекор што го правам е како кршење стаклен таван. Тоа е нова основа за народот Маори, но и за луѓето со бела кожа. Без разлика дали имате тетоважа или не“, рече таа.

Каипара претходно стана позната откако беше прогласена за првата личност со традиционална тетоважа која ги води пладневните вести на TVNZ 1 во 2019 година.

Таа одлучила да ја направи тетоважата откако преку ДНК тест открила дека е 100 отсто Маори. Оттогаш се обидува да ги застапува во сите сегменти од својот живот, вклучително и на работа.

„Ова е голема победа за оваа генерација и за следните 10 генерации – не дозволувајте вашиот идентитет или вашата култура да ве попречат во ништо“, заклучи таа.