Овие браќа заработија над 400 илјади евра: Каде се денес близнаците од „Големиот брат“?

Некогаш многу популарни риалити актери, близнаците Жарко и Жељко Стојановиќ ги освоија срцата на публиката во реалното шоу „Големиот брат“, а како што беше кажано, од хонорарите кои подоцна паметно ги вложиле, успеале да заработат околу 400.000 евра.

По учеството во реалното шоу, тие се повлекоа од јавноста, а често се снимаат на социјалните мрежи, па можете да видите колку се промениле до денес.

За потсетување, двајцата учествуваа во „Големиот брат“ во кој победи Жарко, а потоа влегоа во реалното шоу „Парови“, од каде Жељко избега, а потоа Жарко влезе во првата сезона на „Задруга“, по што се повлекоа од јавната сцена.

Инаку, Жељко еднаш отворено проговори за тоа колку заработиле во реалното шоу, а ја откри и бројката.

– Нашето учество и во српски и во странски реални шоуа ни донесе заработка од 400.000 евра. Бидејќи заработив толку многу пари, не сакам да се вработам или работам, иако татко ми постојано ме турка. Единствената работа што сум ја направил во животот е организирање забави во Париз и одење во реални шоуа – изјави еднаш Жељко.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното